Сладолед од соништата: Милано е сладок рај во кој се служи највкусното џелато

Милано е познат како град на модата и фантастичната архитектура, но тоа доживување вреди да го засладите со неколку топки џелато - италијански, млечен сладолед со неверојатно голем избор на ароми и вкусови.

sladoled-od-sonistata-milano-e-sladok-raj-vo-koj-se-sluzi-najvkusnoto-gelato-01.jpg

Преферирате чоколадо или јагода? Чашка или корнет? Во Милано го имате најголемиот спектар на бои, вкусови и облици на џелато, па затоа подобро да смислите точен одговор на овие вкусни прашања.

Откако ќе ја направите вашата идеална комбинација, следна дестинација нека ви бидат овие 10 слатки локации:

Il Massimo del Gelato - Историски локал познат по својот фантастичен џелато рецепт. Најсигурен избор на локалните жители и туристите кои го посетуваат Милано за прв пат.

Од темно, двојно чоколадо, па сè до вкусот на солен ф’стак, огромниот избор на ароми ќе ви ја задоволи и најсилната желба за десерт.


Gelateria della musica
- Карактеризиран како класичен, но неодолив локал, овде ќе пронајдете 100% природно џелато.

Главен специјалитет и тајна на оваа слатка куќа се сезонските, природни овошја од кои се приготвуваат најсвежите вкусови во текот на целата година.

sladoled-od-sonistata-milano-e-sladok-raj-vo-koj-se-sluzi-najvkusnoto-gelato-03.jpg


La Bottega del gelato
- Овде де служи џелато од дамнешната 1964 година, а до ден денес рецептот е непроменет.

Можете да бирате помеѓу 50тина вкусови, вклучувајќи ги сите тропски овошја кои не сте ни знаеле дека постојат.


Gelateria Sartori
- Со поглед кон главниот влез на Stazione Centrale, позицијата на овој локал е непроменета од 1947-та година.

Неговата посебна карактеристика е тоа што работи секој ден, што е голема реткост во Милано.

sladoled-od-sonistata-milano-e-sladok-raj-vo-koj-se-sluzi-najvkusnoto-gelato-05.jpeg


Umberto
- Од 1930-та година па се до ден денес, секоја генерација ги одржува највисоките стандарди на оваа слатка куќа.

Располага со само неколку ретки вкусови, во споредба со сите останати локали, па ова треба да биде вашата последна дестинација. Таман кога ќе помислите дека сте пробале сè - упатете се тука.

sladoled-od-sonistata-milano-e-sladok-raj-vo-koj-se-sluzi-najvkusnoto-gelato-06.jpeg


Il Gelato Giusto
- Погрижете се да не ја пропуштите оваа слаткарница затоа што сите локални жители ќе ви ја пофалат со посебна сласт.

Сите состојки кои ќе ги пробате се исклучиво италијански и ова е еден од ретките локали кои служи џелато без додадени бои или вештачки ароми.

sladoled-od-sonistata-milano-e-sladok-raj-vo-koj-se-sluzi-najvkusnoto-gelato-07.jpg


Attimi di Gusto
- Секогаш отворена, оваа слаткарница е комбинација од пекара и продавница за џелато, па бидете подготвени за најразлични слатки експерименти.

sladoled-od-sonistata-milano-e-sladok-raj-vo-koj-se-sluzi-najvkusnoto-gelato-08.jpeg


Gelateria Orsi
- Отворена во 1936 година, оваа слаткарница е уште едно историско значајно место во Милано, во областа Navigli.

Рецептот е останат непроменет повеќе од 70 години, па не е чудо ако вкусовите разбудат некоја слатка, неодолива меланхолија и носталгичност.

sladoled-od-sonistata-milano-e-sladok-raj-vo-koj-se-sluzi-najvkusnoto-gelato-09.jpeg


Gelateria Marghera
- „Вооружена“ со над 50 вкусови, од слатко-солениот ф’стак, па се до црното чоколадо, оваа слаткарница дефинитивно важи за најдобро опременото складилиште на џелато.

sladoled-od-sonistata-milano-e-sladok-raj-vo-koj-se-sluzi-najvkusnoto-gelato-10.jpg


Gelateria Borsieri
- Одлично место да го пробате природниот вкус на џелато сладоледот, без додадени конзерванси.

Ако сте нетолерантни на лактоза, тука можете да пронајдете и џелато без млеко, односно специјалитет подготвен по мешан рецепт од сорбет и џелато.

sladoled-od-sonistata-milano-e-sladok-raj-vo-koj-se-sluzi-najvkusnoto-gelato-11.jpeg

Би можело да ве интересира:

Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
12 причини зошто Данска е совршена земја за живот Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната ко...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
5 романтични места во Македонија, совршени за меден месец Кој вели дека мора да патувате во странство за да имате незаборавен меден месец?...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg