Луксузот во Франција: Хотел во кој егзотичните соништа стануваат реалност
Љубителите на луксузните патувања преферираат хотели и ресорти кои нудат приватност, перфектна услуга и ексклузивност. Со овие карактеристики, прво место на кое многумина помислуваат е токму хотелот Saint-Barth Isle de France.
Сместен е во вистински тропски рај, односно на една од најубавите плажи Flamands, опкружена со бујна вегетација и тиркизно сино море.
Хотелот брои 40 соби, апартмани и вили опремени со најмодерна технологија и потполно уредени во француски ретро стил.
Гурманскиот дел од понудата е составен од два ресторани кои ја комбинираат славната француска кујна со карипски елементи. Посебно шармантен е шампањ барот кој ги нуди дегустација на стари, француски шампањи.
Обожавателите на спа третманите ќе си го пронајдат своето парче приватен рај во една од четирите соби кои нудат разгалување со врвни козметички препарати.
Дозволете си кратко фото-патување и разгледување на овој приватен рај на земјата: