5 најдобри јавни места во Европа за гледање Светско фудбалско првенство
Тоа што не одите во Бразил не значи дека треба сами да ги гледате натпреварите дома.
Низ градовите во Европа има места каде што може да се соберат над илјада фанови кои ги делат заедно моментите на уживање, радост или разочарување.
1. Плоштадот Кастело во Милано, Италија
Не само што се Италијанците страсни љубители на фудбалот, тие се и гласни навивачи и вистински аниматори. Уште кога игра нивната репрезентација, гледањето натпревар на отворено е тотално ново искуство и вистинска забава.
Доколку се најдете во Италија задолжително одете до плоштадот Кастело во Милано или во некој паб каде има Италијанци кои го следат натпреварот на нивната репрезентација. Искуството е неверојатно!
2. Плоштадот Кастиљо во Памплоне, Шпанија
Некогаш жителите на Памплоне се собирале на плоштадот Кастиљо за да гледаат борби со бикови. Ова лето, плоштадот е подготвен за навивање за репрезентацијата на Шпанија и за сите фанови на Црвената фурија.
3. „ITV Fever Pitch“ во Манчестер, Велика Британија
Поранешните студија кои ги користела британската телевизиска мрежа ITV во Манчестер, подготвени се за овогодинешното Светско првенство. Во нив се донесени 450 тони песок од кои е направена плажа по примерот на бразилските, а направен е и Копакабана бар каде се служат многу пијалаци.
4. Плоштадот Милениум во Лидс, Велика Британија
Уште едно место во Велика Британија каде ќе се собираат навивачите на англиската репрезентација. Влезот е секако, бесплатен, па ако сакате да си фатите место подобро е да дојдете порано, бидејќи англиските навивачи се подготвени и да спијат таму за да го може да го гледаат натпреварот од добра позиција.
5. Бранденбуршката порта во Берлин, Германија
Фанатичните навивачи на Германија ќе се собираат насекаде низ Берлин каде ќе може да ги следат сите натпревари на нивната репрезентација. Покрај гледањето на натпреварите ќе организираат и улични забави со жива музика. Доколку ви треба пијалак или сакате да седнете негде, баровите и кафулињата се постојано отворени.