Љубовно бегство: Најромантичните хотели во Велика Британија
Ако сте во потрага по дестинација за љубовно бегство, тогаш овие хотели се и повеќе од совршени.
Доколку досега не сте ја посетиле возбудливата Шкотска и прекрасната Англија, ова лето искористете го за уживање во некои од најромантичните хотели во Велика Британија.
Влезете во светот на романтиката и раскошноста кои ги нудат токму овие хотели:
1. The Witchery by the Castle, Единбург
Веднаш до прекрасниот единбуршки замок, овој хотел плени со романтичност. Она што треба да го очекувате е раскошен и луксузен простор. Самиот хотел е уреден во грегоријански дизајн и декор. Овој хотел важи за најромантичното место во Велика Британија и во истиот ќе имате можност да пробате вкусна и богата храна.
2. The Savoy, Лондон
Со поглед кон реката Темза, Savoy хотелот е одличен за романтично бегство подалеку од сите. Не заборавајте да се напиете од специјалните карактерни коктели - секој пијалок е именуван според четири светски славни личности. Хотелот може да се пофали со 125 годишна историска вредност и често во него се снимаат филмови и музички спотови.
3. Amberley Castle, Лондон
Местото од кое никогаш нема да сакате да заминете е токму овој романтичен и раскошен хотел сместен во замокот Amberley во Лондон. Со прекрасен поглед над ѕидините и хоризонт од мноштво природни богатства ќе ги одморите сите ваши сетила. Она што е интересно е халата за вечера која датира од 12 век, па за миг ќе успеете да се вратите назад во времето.
4. Portobello Hotel, Лондон
Со оглед на тоа што токму тука престојувале Кејт Мос и Џони Деп, ова место говори многу за својата романтика која им ја нуди на посетителите. Секоја соба изобилува со посебен и уникатен декор, а самата локација поседува боемски вибрации кои ќе направат да уживате во чаша вино и повторно да се вљубите како првиот пат во вашиот партнер.
5. Hambleton Hall, Ратлент Вотер
Со поглед кој ќе ви го одземе здивот, оваа вила во викторијански стил нуди прекрасно и мирно место кое ќе ве шармира. Препознатлива по вкусната храна и специјалитети подготвени од рацете на најпознатиот шеф Арон Патерсон кој употребува вкусни и што е најважно свежи состојки во храната од која нема да можете да се заситите. Ова место е создадено за долги романтички прошетки во прекрасна природа и поглед кон возбудливите водни пространства.
Со прекрасните спа центри и викторијански уреден стил оваа локација навистина е совршено бегство од секојдневието. Не заборавајте да си понесете свечена гардероба, бидејќи овој хотел е симболот на раскошноста и луксузноста. Во самиот ресторан кој е во склоп на хотелот, ќе имате можност да уживате во вкусовите на најразновидните видови шампањ, коктели и ексклузивни пијалоци. Зарем има подобро романтично место од овој хотел?
7. The Bingham, Лондон
Со соби со поглед кон реката Темза, ова место ја носи титулата традиционален британски хотел. Стилски и гламурозен простор и совршени утра во кои единствениот звук ќе ви биде жуборењето на реката Темза. За миг ќе заборавите дека сте во Лондон иако сите градски атракции се на неколку минутна оддалеченост со воз.
Си одбравте омилен?