Гурманско патување до топлата Сицилија
Сицилија - синоним за слатки ароми, златни плажи, градови со археолошки пронаоѓалишта, импресивни вулкани и прекрасни малечки острови кои ја опкружуваат.
Ова е остров на свежите и вкусни намирници, преполн со лозја и овоштарници на кои се одгледуваат лимони, портокали, бадеми и маслинки.
Во екот на сезоната во секое кафуле се служи свежо цеден портокал, салата од портокали, како и салати со свежи маслинки, морска сол и бибер.
Едноставноста е она што ја карактеризира сицилијанската храна, која по малку се меша со италијанската кујна.
Најпознатото јадење кое мора да го нарачате ако некогаш отпатувате во Сицилија е caponata. Тоа е микс од пржен зеленчук - домати, пиперки и тиквици прелиени со сос од домат, целер, лук, маслинки и маслиново масло.
Но, не пропуштајте и да уживате во овие оброци:
Pasta alla Norma веројатно е најпознатиот паста рецепт во овој регион. Се состои од макарони, модри домати и сос од црвени домати, кои се служат заедно со рикота - италијанско сирење.
Pasta con le sardeor е уште еден оброк со тестенини, зачинети со сос од сардини.
Arancini е јадење кое се состои од пржени топчиња од ориз. Може да се подготвува на повеќе начини - со грашок, путер или сос од домати, со моцарела, спанаќ или печурки.
Cassata siciliana е десерт од сладок крем од рикота, прекриен со дебел слој марципан. Во подготовката се користи кандирано овошје, кое дава посебен шмек на оваа торта.
Gelato е сицилијанскиот сладолед кој мора да го пробате. Тајната е во природните состојки кои можете да ги комбинирате со француско лепче, односно да го нарачате добро познатиот сладок сендвич brioche con gelato.
Granita е најосвежувачкиот десерт кој некогаш сте го пробале. Многу сличен на замрзнатиот сорбет, овие овошни гранули може да ги грицкате додека лежите на една од егзотичните плажи со златен песок. Најпопуларни вкусови се бадемот, кафето и праската кои задолжително се служат со кремаст шлаг.