Пат околу светот преку највкусната улична храна

Некои се фотографираат себеси, некои ги фотографираат значајните места кои ги посетуваат во градовите каде што патуваат. Ник Молберг кој е американски софтвер консултант, преку работата има можност да патува ширум светот и да се запознава со различни народи, култури, но и кујната во многу земји.

pat-okolu-svetot-preku-najvkusnata-ulicna-hrana-01

За разлика од вообичаените фотографии, тој одлучил да ја фотографира специфичната улична храна која е карактерстична за секое место, а во позадина да биде некој пејзаж или глетка по која се препознава градот.

На тој начин привлекол многу следбеници и пријатели на социјалните мрежи кои го следат секое негово патување, преку фотографиите со храната кои тој ги објавува.

Ја има прошетано речиси цела Европа и Америка, дел од Австралија, а наскоро треба да оди во азискиот дел од светот кој му претставува голем предизвик.

Тој не е првиот што си го фотографирал сладоледот во Италија или кроасанот и кафето во Франција, но е прв кој продолжил тоа да го прави насекаде и создал цел серијал со кој го одбележува секое свое патување.

Она што тој го прикажува на фотографиите буквално ви го скокотка стомакот и ви ја буди желбата веднаш да заминете на некое од тие места и да ја пробате храната на фотографиите.

Од обичен ѓеврек до вкусно егзотично овошје,  патувањето преку храната овозможува едно поинакво доживување на различните градови и земји.

Би можело да ве интересира:

Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg