Откријте ја скриената убавина на Непал

Непал се смета за свето место веќе илјада години. Тоа е место на смиреност  каде навистина можеш да побегнеш од се. Многумина тврдат дека токму тука се пронашле себеси.

otkrijte-ja-skrienata-ubavina-na-nepal-01.jpg

Непал е навистина евтино место, каде со само 10 долари на ден можете да се храните во ресторан, а за нешто повеќе 18 долари можете да најдете и сместување.

Во Непал ве чекаат и најубавите планинарски патеки во светот. И додека се искачувате пред вас се простираат глетки од кои ќе ви застане здивот. Покрај ова можете и да скокате со параглајдер или пак да си го покачите адреналинот со банџи џампинг.

Ова е исто така и домот на голем број на споменици, манастири, храмови заштитени од УНЕСКО. Покрај нив, овде се наоѓаат и седум од највисоките планински врвови во светот.

Непал има преку 200 езера кои не само што се познати по својата убавина, туку и по своето духовно значење. Покрај големиот број на езера има и над 856 видови на птици, така што секогаш ќе имате нешто ново за откривање.

Неверојатна е и промената на надморската височна, која се движи од 60 метри до 8000 метри.

Непал е дом на преку 35 етнички групи, и има навистина голем избор на храна, музика, култура, а само овде се обожава живата божица Кумари.

Низ овие неколку фотографии доживејте ја скриената убавина на Непал:

Би можело да ве интересира:

Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg