Доживејте ја раскошната магија на Индија
Lakshman Sagar ресортот во Индија е проект изграден со огромна еколошка свест, користејќи исклучиво локални материјали.
Сопственик е на престижни награди и хармонично се вклопува со традицијата на раскошната Индија.
Младите дизајнери кои го осмислиле овој проект се држеле до традиционалната градба, но и дале помодерен изглед отколку што и тие самите очекувале.
Дури и во внатрешноста, која брои 12 хотелски соби, користени се материјали својствени за тој регион и мебел и предмети какви може да се сретнат само во традиционалните индиски домаќинства.
Благодарение на одличната позиција, хотелот има извонреден поглед и магично опкружување какво нема да искусите на ниту една друга локација.
Богато и раскошно доживување во срцето на Индија: