Сите скриени, тесни улички во Париз
Париз е полн со тајни тесни улички, расфрлани низ целиот град. Скриени во булевари или некој напуштен кварт, неочекувано може да не изненадат и да не натераат да заминеме по нивната калдрма во непознат правец.
Тие се одлично сведоштво на историјата и свежиот воздух надвор од урбаниот метеж.
Погледнете кои се најубавите пејзажи, улици и вили кои може да се откријат за време на прошетка низ Париз.
RUE DES THERMOPYLES, 14th
Една од најубавите тајни улички во Париз. Сместена до Raymond Losserand ќе ве одведе во свет исполнет со пријатна тишина.
CITÉ DURMAR, 11th
Позната како улица на пиењето, составена од повеќе мали улички. Опкружена со мали продавници обвиени во цвеќиња од сите страни. Ќе ве воодушеват прекрасно уредените дворови на жителите од овој кварт во Париз.
VILLA DIETZ-MONNIN, 16th
Овде ќе откриете на многу вили, тесни улички со мали куќи во буржоаски стил. Ако сте во потрага по авантура, посетете ја вилата Montmorency.
CITÉ PILLEUX, 18th
Место кое туристите немаат навика да го посетуваат, а нуди одлично уживање. Во минатото биле нарекувана - улица на работниците, затоа што постоеле работни простории на приземјето од секоја вила, кои денес за жал се затворени.
RUE CRÉMIEUX, 12th
Не е баш и некоја тајна уличка, но ќе ве освои со шарените фасади. Важи за една од најубавите и најнеобични улици во Париз кои вреди да ги запаметите.
PASSAGE DU CHANTIER, 12th
Ова е најстарата улица во градот на љубовта и романтиката. Во минатото била доминантна област, но денес тука може да најдете само продавници за мебел.
VILLA LÉANDRE, 18th
Во срцето на Монмартр, во близина на авенијата Јунот, е лоцирана рајската вила Леандре. Ако некогаш патот ве наведе натаму, задолжително поминете по оваа типично француска, тивка уличка.