Посетете го срцето на Италија – Тоскана
Ако имате потреба да ја нахраните душата со патување во скоро време, а се уште немате одлучено каде, еве една туристичка дестинација во Европа која ќе ве опие со својата убавина и експлицитна италијанска кујна.
Добрата страна е што од скоро имаме и евтини летови до Италија, па во комбинација со авион и воз, брзо и едноставно може да стигнете до оваа дестинација.
Што мора да посетите додека сте таму?
Тоскана е поделена на девет провинции кои подеднакво го одземаат здивот.
Не пропуштајте да го посетите главниот град - Фиренца, култната Пиза, средновековната Сиена, палатите и возвишените катедрали, фонтаните, тврдините, плоштадот del Kampo, гробницата на семејството Медичи, идеалниот Ливорно и мистичната Лука.
Што да пробате од италијанската кујна?
Тоскана е срцето на италијанска кујна. Традиционално, од 19 до 28 април се одржува познатиот фестивал на храната и виното, кој привлекува голем број туристи од целиот свет - Castagneto Carducci.
Задолжително пробајте ги вкусните пецива Lambredotto, палачинките со костени Necci, неверојатниот гулаш од свежи риби и по малку од сите мистични зачини кои може да се најдат свежи на пазарот.
Со храната не заборавајте да се напиете од најпознатите вина во светот Carmignano, Chianti, Chianti Classico, Brunello di Montalcinо - вино и храна е комбинација која ги активира сите ваши сетила кога сте во Италија.
Покрај традиционалните италијански пици и тестенини, дозволете си барем два вида сирење и чаша бело сортно вино во некој од преубавите ресторани.
Што да понесете со вас?
Совршена комбинација која нема да зафаќа голем простор во вашиот куфер, е портокалова комбинација, сандали, голема чанта, очила за сонце, впечатлив накит и моден додаток за коса, како што се цветовите или шапките.
Овој стајлинг ќе ве натера да се соедините со духот на незаменливата Тоскана.