Градот во кој времето стои: Во Фенгхуанг се живее како во 14ти век

Стариот град Фенгфуанг се наоѓа во југозападниот дел на провинцијата Хунан, во Кина, во подножјето на една огромна планина.

gradot-vo-koj-vremeto-zastanalo-vo-fenghuang-se-zivee-kako-vo-14-vek-01

Градот е извонредно сочуван, недопрен од модернизацијата и единствено засолниште на традициите, обичаите и старата кинеска уметност.

Древниот град го има задржано својот оригинален изглед од 14 век кога е изграден, па до ден денес.

Низ него се минува низ само 20 поголеми улици и уште 10 сокачиња кои се како преплетена мрежа помеѓу древните градби.

Тука единствен превоз се кајчињата изработени од дрво, а се живее скромно во дрвени згради, тесно изградени една до друга.

Во Фенгхуанг античките храмови, дрвените кули и мостови, како и старите бунари се секојдневие, сочувано во оригиналната, првобитна форма, која сè уште не и се предава на модернизацијата.

Глетката над реката која го дели градот на два дела е фасцинантна, посебно затоа што е надополнета со магична природа која делува како недопрена од човечката рака.

Во овој кинески град сите предмети и околната природа ја имаат задржано својата автентичност, па можеби токму затоа важи за единствениот град замрзнат во времето.

Би можело да ве интересира:

Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...
Скриено парче рај во Хрватска – остров без автомобили, со бујна природа (фото) Автомобилите се забранети, а природата е недопрена - како изгледа ова мало парче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg