10 највозбудливи зимски дестинации
Изгледа дека зимата оваа година потполно нè избегнува. Чизмите за снег останаа неотпакувани, а топлите џемпери како да ја загубија убавината без бела покривка и минусни температури.
И додека зимата упорно одбива да нè посети, ве водиме на едно фото-патување низ 10 места во кои царува најстуденото годишно време.
Плава лагуна, Исланд
Во прочуената земја на мразот можете да го пронајдете овој рај за љубителите на студенилото и белината.
Се работи за геотермална бања на отворено која се протега на околу 10.000 метри квадратни и е опкружена со големи замрзнати карпи.
Водата има необична млечно-сина нијанса и достигнува температура од неверојатни 100 степени.
Паркот на мајмуни, Јапонија
Дестинација идеална за оние кои сакаат забава, животни и авантура. Помеѓу планините и непроодните предели се наоѓа парк во кој се населени снежни мајмуни.
Овој регион е под снег дури 4 месеци, а туристите ширум светот доаѓаат во овој дел од Јапонија само за да ги фотографираат овие необични суштества.
Дождлива шума, Нов Зеланд
Глечерите и дождливите шуми се интересна комбинација за оние кои сакаат да уживаат во ниските температури и адреналинското искачување.
Се организираат тури кои вклучуваат пешачење по глечери и разгледување на замрзнати тунели. Еден од најфасцинантните погледи дефинитивно се замрзнатите водопади.
Езерото Placid, Њујорк
Ова место беше домаќин на Олимписките игри во 1980 година.
Покрај многубројните активности како што се спуштањето по ски стазите, разгледувањето на скокалниците, посетата на Олимпискиот музеј и уживањето во зимскиот карневал, најатрактивна активност е возењето со боб санка.
Фјордови, Норвешка
Ова прекрасно зимско крстарење ќе ви понуди незаборавно искуство за цел живот. Погледот на грандиозните карпи и глечери потполно ќе ве маѓепса.
Во не така далечната Норвешка можете да ја запознаете оваа несекојдневна убавина на фјордовите - природното богатство на оваа нордиска земја.
Леден хотел, Шведска
Со првиот снег, во Шведска започна и изградбата на овој замрзнат хотел. Целиот ентериер е изработен од снег и мраз - баровите, креветите, па дури и лустерите.
Температурата е постојано под нулата, но затоа на секој гостин му стојат на располагање специјални вреќи за спиење и ракавици, така што може безбедно да преноќи тука.
Бар под нулата, Јужна Кореа
Цената за влез во овој бар е 15 долари, а во тој износ е вклучено изнајмување на палто, ракавици и една консумација.
Интересно е што овој бар е отворен во текот на цела година. Неколку пати во годината се одржува натпревар за издржливост, поточно предизвик кој најдолго ќе издржи во просториите на овој замрзнат бар.
Iditarod стаза, Алјаска
Во оваа земја на дивината и снегот, секоја година се организира една од најпрочуените трки на кучиња.
Стазата е долга преку 1.000 километри, а се работи за потполно нерамен терен прекриен со снег.
Посетата на ова место вклучува и разгледување на одгледувачницата за хаски кучиња, возење со санки и поглед на највозбудливите снежни врвови.
Транссибирска железница, Русија - Кина
Најдолгото и најчудесното возење со воз ве носи од Русија до Кина.
Должината на патувањето е цели 6 дена, но со различни попатни содржини - санкање, планински рафтинг, возење со санки кои ги влечат кучиња и пикник низ зимските карпи.
Ако добро го испланирате, ова патување може да трае повеќе од 2 седмици.
Ски центар Дубаи, Соединети Арапски Емирати
Благодарение на огромните парични средства вложени во овој проект, Дубаи успеа да го донесе снегот во пустина.
Овој скијачки комплекс е сместен на површина од 74.000 метри квадратни, а на него се наоѓаат величествени ски патеки, патеки за сноуборд, ледени пештери и дел посветен на најмладите.