Пат околу светот низ 10 највкусни десерти

За сите љубители на патувањата и непоправливите сладокусци, подготвивме одличен спој заради кој ќе посакате да ги зграпчите куферите и да се впуштите во авантура која ќе ве одведе до најдалечните краеви во светот.

pat-okolu-svetot-niz-10-najvkusni-deserti-01

Токму затоа, следат 10 автентични десерти кои се гордост за земјата од која потекнуваат.

Apfelstrudel, Австрија

Оваа алпска земја посебно се гордее со едноставниот, но извонреден десерт. Се работи за штрудла со јаболка која денес е популарна насекаде во светот, но ретко кој ја вкусил во земјата од која води потекло.

Оригиналниот рецепт е стар повеќе од 400 години, но со времето претрпел голем број на измени, така што само во Австрија можете да пронајдете десетина различни, но подеднакво вкусни варијации на оваа штрудла.

pat-okolu-svetot-niz-10-najvkusni-deserti-02


Melktert, Јужна Африка

Се работи за необичен и лесен тарт од млеко. Подготовката е брза и лесна, а се состои само од тесто богато со млеко и фил од шлаг, зачинет со цимет.

Доколку вашиот пат ве однесе до оваа афричка земја, не смеете да го пропуштите овој традиционален деликатес.

pat-okolu-svetot-niz-10-najvkusni-deserti-04


Dulce de leche, Аргентина

За овој сладок десерт се верува дека настанал токму во Аргентина, и покрај тоа што денес е популарен во сите земји во Јужна Америка. Всушност, се работи за бонбони направени од млеко, кои настануваат од карамелизирано млеко.

Оваа карамела можеби не делува претерано егзотично, но тоа не влијае на незаборавниот вкус кој го нуди.

pat-okolu-svetot-niz-10-najvkusni-deserti-03


Kurtoscalacs, Унгарија

Овој интересен колач се прави во облик на ролат. Крцкав е и полн со специфични, слатки зачини. Најчесто се користат циметот и ванилата, а може да се посипе и со сечкани бадеми и ореви.

По мислење на многумина, ова е највкусното печиво во Унгарија.

pat-okolu-svetot-niz-10-najvkusni-deserti-05


Anmitsu, Јапонија

Ова слатко јапонско јадење е старо неколку децении, а се состои од ситно исечкани коцки црвени алги, сладок азиски грав, пире од грашок, желе и овошје исечено на кришки.

Пред консумација задолжително се прелива со црн сируп.

pat-okolu-svetot-niz-10-najvkusni-deserti-06


Pavlova, Нов Зеланд

Колку посебен е неговиот вкус сведочи самата битка за тоа од која земја води потекло - Нов Зеланд или Австралија, се додека официјално не е донесена одлуката дека Нов Зеланд е негов сопственик.

Оваа торта го добила името по славната балерина Ана Павлова, а карактеристична е по својот нежен изглед, како и по лесниот вкус. Се работи за комбинација од крем, кори за пуслици и шумско овошје.

pat-okolu-svetot-niz-10-najvkusni-deserti-07


Rabri, Индија

Ова е најпознатиот десерт во северниот дел од оваа земја. Се подготвува така што се загрева млеко, во кое потоа се додаваат ореви, зачини и шеќер. Многу често, овој млечен десерт се служи како замена за цел оброк.

pat-okolu-svetot-niz-10-najvkusni-deserti-08


Pastel de nata, Португалија

Се верува дека овој десерт е настанат на почетокот на 18 век. Се работи за минијатурни корпи изработени од кисело тесто полнети со крем од јајца.

Најчесто се проросуваат со цимет и шеќер во прав, а една од најпопуларните современи варијанти е онаа со вкус на лимон.

pat-okolu-svetot-niz-10-najvkusni-deserti-09


Cheesecake, САД

Сигурно безброј пати сте го пробале овој колач од сирење. Денес постојат милион варијации, но ниту една нема да го замени Американскиот оригинален рецепт.

Тој се одликува со тенок слој кршени бисквити, дебел слој крем од сирење и прелиен е со густ сос од шумско овошје.

pat-okolu-svetot-niz-10-najvkusni-deserti-10


Tiramisu, Италија

Во превод, името на овој колач значи - Подигни ме! И навистина ова колаче ќе ве натера да се чувствувате како да летате.

Тирамису е еден од најпознатите кремасти колачи во светот, а се одликува со неодолива комбинација од сирење и кафе.

pat-okolu-svetot-niz-10-najvkusni-deserti-11

Би можело да ве интересира:

Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg