Вино, Париз, прекрасен поглед...
Постојат безброј барови со панорамски поглед на Париз и сите меѓусебно се доволно оддалечени за да ви овозможат сосем поинаков поглед на градот. Со чаша добро вино и поглед од некоја тераса може да ја вкусите сета убавина на Париз, вечниот град на љубовта.
Колку што може да биде релаксирачко кафето на една од бројните тераси во Париз и да го набљудувате како светот минува покрај вас, уште толку повеќе ви се одзема здивот додека пиете чаша квалитетно вино со прекрасен поглед на француската престолнина...
La Vue бар е сместен на 34 кат од хотелот Concorde Lafayette кој се наоѓа во северниот дел на градот.
Со своите 15 метри долг шанк и дискретното осветлување, Ла Вуе совршно ја изразува убавината на Париз.
Коктелите во овој бар ги подготвува повеќекратно наградуван коктел мајстор Стефан Мартин.
Hotel Terrass има тераса сместена на седмиот кат. Сместен е сред Монмартер и има совршен панорамски поглед на градот.
До речиси совршена линија од лево и од десно се наредени Ајфеловата кула, Монтпарнас и Les Invalides. Барот е отворен од април до октомври.
Georges е сместен на последниот кат на центарот Помпид, односно музејот на современа уметност.
Центарот е дизајниран од страна на реномирани париски архитекти кои ја имале на ум совршената локација и можноста која може да ја понуди еден бар на кров.
Барот е уреден во стилот на самата градба, футуристички и модерно. Во него можете да јадете, да пиете кафе или чаша вино додека во самиот центар на градот го гледате зајдисонцето зад париските покриви.