Луксузен „Версаче“ хотел во срцето на Дубаи

Palazzo Versace Dubai е луксузен хотел и резиденција со потписот на брендот „Версаче“ отворен во срцето на Дубаи.

luksuzen-versace-hotel-vo-srceto-na-dubai-01

Гостите од овој хотел имаат широк спектар на луксузни погодности кои вклучуваат лагуна, плажа, пешачка зона покрај море, машки и женски спа салон, отворен и затворен базен и се разбира, „Версаче“ бутик.

Имотот има 169 станови и 214 луксузно декорирани хотелски соби, со богати материјали и стилови со рачно обработен мермер, преубави мозаици и рачно цртани позлатени плафони, а сите елементи сe одбрани за да потсетуваат на европскиот, односно италијанскиот гламур.

Екстериерот на градбата потсетува на грчко-римската уметност, со елегантни ѕидови и столбови како во градина со фонтани и базени.

Хотелот Palazzo Versace Dubai е втор луксузен имот на овој бренд после Palazzo Versace Gold Coast во Квинсленд, кој е отворен во 2000та година.

Прошетајте низ овој луксуз барем за момент:

Би можело да ве интересира:

„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
Лажни резервации за хотел и авионски билети – Како да ги избегнете измамите кога резервирате за одмо... Не наседнувајте на лажни пораки со честитки дека сте добитник на бесплатно патув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg