Празничен викенд предлог: Дојран

За настанувањето на овој историски град постојат голем број на легенди и преданија во кои се верува. Најпозната е приказната со девојката Дојрана, и покрај тоа што потеклото на името на овој град никогаш не е дознаенo.

praznicen-vikend-predlog-dojran-01

На патот за Дојран, додека патувате ќе имате можност да се насладувате на сите рајски овошја. Калинки, маслинки, киви, смокви, мандарини, но сево ова после ручекот, а за ручек задолжителна е  рибја чорба, плескавица од икра и се разбира дојрански крап на трска.

Денешен Дојран покрај тоа што е прекрасно место за одмор и рекреација, со својата медитеранска клима, лековита кал, алги кои испуштаат јод -  ви создаваат чувство како да сте на море.

Сегашното Дојранско Езеро е остаток од некогашно Пеонско Езеро и припаѓа на т.н. Пajонска група на природни балкански езера. Регистрирани се 12 фаунистички ендемити. Од 15 видови риби, 1 вид претставува локален ендемит. 

praznicen-vikend-predlog-dojran-06

Нешто што мора да посетите додека престојувате во Дојран е езерскиот музеј, сместен во просториите на локалната самоуправа. Изобилува со колекција од растителниот и животинскиот свет од Дојранското Езеро, а воедно претставен е и карактеристичниот начин на лов на риби и направена е карактеристична рибарска колиба.

Локалната храна и специјалитети ќе го задоволат секој вкус, умерено топлото време ќе го направат престојот прекрасен, а уживањето во езерото и знаменитостите ќе ги паметите до следната посета.

*Ако сте за вкусна храна - посетете го ресторанот Фук Так!

praznicen-vikend-predlog-dojran-02

praznicen-vikend-predlog-dojran-03

praznicen-vikend-predlog-dojran-04

praznicen-vikend-predlog-dojran-05

praznicen-vikend-predlog-dojran-07

praznicen-vikend-predlog-dojran-08

praznicen-vikend-predlog-dojran-09

Би можело да ве интересира:

Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
„Албанскиот Тајланд“ – Скриено парче рај покрај река во Албанија Кристално тиркизната вода во реката и богатата вегетација во околината, прават о...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg