Како да заштедите додека сте на одмор?
Сакате да осмислите незаборавен летен план, но буџетот ви е ограничен? Стручните лица само уште еднаш потврдија дека многумина ги трошат парите на сосема непотребни и бесмислени нешта, па затоа добро би било да размислите и да направите финансиски план.
За почеток, држете со овие неколку едноставни совети.
Секој оброк не мора да е во ресторан
На годишниот одмор често пати повеќе пари трошиме на храна, но не од глад, туку од уживањето кое сакаме да си го дозволиме. Во ресторан јадете секој втор ден, а грицките, хамбургерите и палачинките смалете ги на минимум, пред сè заради здравјето, а потоа поради паричните трошоци. Осмислете план на лесни и едноставни оброци и пазарете во најблискиот супермаркет. Ќе заштедите половина од парите кои планиравте да ги потрошите, а воедно ќе изгледа одлично во бикините.
Заштедете на превоз
Најудобно е да седнете во авион или во сопствениот автомобил, но пред да тргнете размислете за дупло поевтините автобуски карти или барем размислете за друштвено патување и делење на трошоците. Кога веќе ќе пристигнете, многу полесно ќе биде да изнајмите мотор или да попешачите, отколку да се врзувате за автомобилот и додатните паркинг трошоци.
Ви требаат ли навистина толку многу магазини и книги?
Жените посебно, на годишните одмори имаат лоша навика за купување по 10тина магазини и забавни списанија. Наместо секој ден да трошите пари на нови трачеви, едноставно земете си лесна книга или романтична приказна во која ќе можете да уживате повеќе денови.
Алкохол
Шарените коктели признаваме дека изгледаат прекрасно, но секој ден може да бидат огромен трошок. Практикувајте го загревањето со жесток алкохол во домашна атмосфера или барем понекогаш разладете се со пиво кое е поевтино од шарените, егзотични коктели.