Посетете го Крит и околните острови

Оние кои го одбрале Крит како дестинација за нивниот одмор, треба да имаат едно нешто на ум - не е возможно тој остров да се доживее целосно за само 10 дена. Затоа, ви препорачуваме да престојувате подолго време за да можете да ги посетите сите места и плажи што овој остров ги нуди.

krit-biserot-vo-sredozemnoto-more-01

Крит е еден од најубавите грчки острови со голема разновидност. Од напуштени плажи, до бујни шуми и рајски песочи долги плажи. Познат е по маслиновото масло и производството на вино, портокали и во последно време краставици и домати.

Долг е 260km и широк 12 до 60km, додека крајбрежјето е долго 1.050km. Се протега на 8.336km² и има 630.000 постојани жители. Хераклион е главниот град, а воедно и најпопуларно туристичко место.

Од Крит можете да го посетите островот Кос, кој е познат по своите долги песочни плажи. Директен превоз од Крит до овој остров не постои па затоа ќе морате да го организирате патот до таму преку островот Санторини или Пиреа.

До Миконос има секојдневни директни линии од април до октомври. Миконос е остров кој мора да се посети поради плажите и бројните културни и историски знаменитости.

Осторовот Парос е посебно убав и одговара за оние кои уживаат во пливањето и сончањето. На ова место многу често се одржуваат натпревари по сурфање, па токму затоа Парос преку лето е вистинска атракција. Покрај спортските активности таму можете да го посетите убавиот Визнатиски музеј како и црквата Панагија Екатантапилијан.

До Санторини исто така има секојдневни линии, што е голема позитивна страна бидејќи тој остров е во последно време многу популарен со голем број на ресторани, продавници, модерни атракции и одличен ноќен живот.

krit-biserot-vo-sredozemnoto-more-02

krit-biserot-vo-sredozemnoto-more-03

krit-biserot-vo-sredozemnoto-more-04

krit-biserot-vo-sredozemnoto-more-05

krit-biserot-vo-sredozemnoto-more-06

krit-biserot-vo-sredozemnoto-more-07

krit-biserot-vo-sredozemnoto-more-08

krit-biserot-vo-sredozemnoto-more-09

krit-biserot-vo-sredozemnoto-more-10

krit-biserot-vo-sredozemnoto-more-11

krit-biserot-vo-sredozemnoto-more-12

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg