Што да спакувате ако одите на крстарење?
И мажите и жените имаат проблем кога се работи за пакување на крстарење. Главната причина е тесно поврзана со времето, но исто така и со типот на крстарење. Што значи, вашиот куфер треба да вклучува неколку кежуал варијанти со неформална гардероба, но и неколку поелегантни модни парчиња.
Облека за жени: Дневна варијанта
За одмор во топлите предели, женската дневна гардероба мора да вклучува шорц, маичка, лелеави фустани, костими за капење, очила за сонце и голема чанта кои лесно ќе ги комбинирате со лесни балетанки или сандали.
Облека за жени: Вечерна варијанта
Вечерите на палуба бараат различни модни комбинации кои се движат од елегантни, до опуштени и лежерни. Кога сте на крстарење од шест дена, обично има две формални вечери, две полу-формални и ист број на опуштени вечери. Затоа, ве советуваме да спакувате два посвечени фустани кои се одлично ќе се сложат со високи цветни потпетици и впечатлив накит, а за другите 4 вечери комбинирајте тесни панталони со високи потпетици, лежерно здолниште и впечатлив накит.
Облека за мажи: Дневна варијанта
Дневната машка варијанта мора да вклучува шорцеви, фармерки, мокасинки, маички во различни бои и неколку модни додатоци како шешир и очила за сонце. Одлучете се за шорцеви до коленици, а лесните панталони или летни фармерки носете ги за време на ручекот. Не заборавајте дека поло маиците во различни бои се секогаш најдобра опција во дневните комбинации.
Облека за мажи: Вечерна варијанта
За формалните вечери носете една бела кошула и елегантни пантолани кои одлично изгледаат во комбинација со мокасинки, а за неформалните вечери секогаш сметајте на памучните панталони и маици кои се идеална комбинација. Добрите мокасинки, квалитетниот колан и дезенираните кошули се нешто со што никогаш нема да погрешите.