Црвената плажа на Санторини
Санторини познат уште како Тера е еден од најубавите грчки острови. Се наоѓа во јужниот дел на Егејското море, 200 километри југоисточно од грчкото копно и припаѓа на групата острови Киклада.
Островот е место на една од најголемите вулкански ерупции во историјата на човештвото. Таа ерупција се случила околу 1600 година п.н.е. кога Минојска цивилизација го достигнала својот врв. Постојат и легенди дека овој остров бил древната Атлантида. Ова не било докажано никогаш.
Санторини е познат по своите црни плажи кои се последица на вулканските ерупции. Има и црвен појас на плажи кои се посебно интересни, бидејќи водата изгледа како крв.
Црвената плажа се наоѓа во областа Акротири. Комбинацијата на црвена боја песок, големи карпи, и кристално плава боја на море е навистина посебно доживување.