9 земји со специфични карактеристики кои мора да ги посетите

Бидејќи секоја земја има своја специфична карактеристика, овој пат ги издвоивме најдобрите девет кои никогаш нема да погрешите ако ги посетите.

9-zemji-so-najinteresni-karakteristiki-01

Во продолжение дознајте што најновите истражувања покажаа за земјите ширум светот и како ги карактеризираа.

Најсреќната земја во светот: Колумбија

Веќе знаевме дека Колумбијците имаат прекрасна храна и одлично духовно воспитување, па затоа не е ни чудо што имаат уште една одлична карактеристика. Според неодамна објавената анкета јужноамериканската земја е првопласирана како “Глобален барометар на надеж и среќа”.Овие истражувања покажаа дека Колумбијците се речиси двојно посреќни од глобалниот просек.

Земјата со најмногу секс: Грција

Најжешката земја според рејтингот на Дурекс е токму нашиот јужен сосед. Таа се наоѓа највисоко на листата за најчест секс – што значи дека жителите во Грција барем еднаш неделно имаат сексуални односи. Цели 87 проценти од испитаниците се изјасниле дека еднаш во неделата имаат секс, додека на второ место се Бразилците со 82 проценти.

Најпесимистичка земја: Франција

И покрај храната и виното во Франција, на кои многумина ширум светот им се одушевуваат, Францусите изгледа сè помалку го ценат она што го имаат. Тие се прогласени за најнерасположени луѓе на планетава. Нивото на песимизам е највисоко токму тука, но факт е дека тоа не се темели врз материјалните ресурси, туку од сосема други причини. За тоа е потврда и фактот дека најсреќни се Африка и Азија.

Најчиста земја: Исланд

Исланд и официјално е најчистата земја. Од вкупно 163 земји, нордискиот остров е на прво место. Квалитетот на воздухот, водата, емисиите на стаклените гасови, како и влијанието на животната средина се само неколку од 25те показатели.

9-zemji-so-najinteresni-karakteristiki-1

Најдобрата земја за жени: Нов Зеланд

Истражувањата покажале дека токму тука жените се еднакво третирани врз база на високите работни места и големите парични придобивки за издржување на децата. Спротивно од Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија се најлошите можни земји за достоен живот на жената.

Најмирна земја во светот: Исланд

Концептот на мирот е тешко да се дефинира, а уште потешко да се измери. Сепак, од 2006 година па навака Исланд е земјата каде што владее мир, без никаков вид на насилство. Сите институции и организации во оваа земја целосно се залагаат за да го задржат првото место. Спротивно од Исланд, Сомалија се смета за земја со најмногу немири.

Највисоко едуцирана земја: Канада

Токму Канада се најде на врвот на истражувањето кое беше спроведено врз база на степенот на образование на жителите. Повеќе од половина жители на оваа земја имаат високо образование, во кое во предвид доаѓаат и дипломските и постдипломски степени.

9-zemji-so-najinteresni-karakteristiki-2

Најнепријателски настроена земја: Боливија

Кога патувате низ светот, некои земји едноставно не ти се допаѓаат, или имате чувство дека едноставно луѓето не прифаќаат никој од страна. По голем број на анализи и истражувања, дојдено е до заклучок дека Боливија е најмалку гостопримлива земја. Венецуела и Русија се следните две, додека пак Исланд, Нов Зеланд и Мароко се најгостопримливи и љубезни земји.

Најбогата земја во светот: Катар

Форбс магазинот неодамна креираше и објави листа од неколкуте најбогати земји во светот. Во октомври 2012 година токму Катар беше прогласена за најбогата, а по неа следуваше Луксембург. Катар е земја богата со нафта и природен гас, па не е ни чудо што не најде на првата позиција.

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg