Како да се спакувате во кабински багаж? (видео)
Кога станува збор за ефикасно пакување и за подолго патување, а во кабински багаж, најверојатно првиот предлог што ќе ви го кажат е да ги направите алиштата во ролни за да ви фатат најмалку простор.
Кога си во мака и мораш да се спакуваш и за 10 дена во мало куферче, за да не доплаќаш во евтините летови за багаж, пробуваш сè.
Баш затоа, навистина се израдувавме откако го испробавме овој начин на пакување кој го користи максимално просторот на куферот, а можете да спакувате сè што ви треба, и пак да ве собере.
Важно е за почеток да одвоите што треба да понесете и убаво да ги закопчате и спастрите сите парчиња. Чевлите и козметиката одат најдолу на куферот, а сите алишта врз нив.
Да не должиме, следете го упатството од видеото: