Луксузен ресорт на Малдиви создаден за опуштање
Хотелот Coco Privé е уникатна градба на Малдивите која се состои од шест посебни вили со прекрасен поглед кон океанот и простории како библиотека, бар, винарска визба, теретана, како и прекрасна руска бања.
Сместувањето чини од $8.000 долари, до $32.000 долари од вечер, зависно од сезоната.
Целиот ресорт е поделен на два дела. Горниот дел се состои од пространа отворена соба, удобна соба за дневен престој и огромна бања. Во долниот дел се наоѓаат библиотеката, барот, теретаната и бањата.
Две од шесте вили имаат приватни базени, додека другите делат огромен, бесконечен базен со прекрасен поглед.
Гостите кои можат да си дозволат ваков престој имаат шанса да уживаат во безброј специјалитети од сите страни на светот.