7 најлоши дестинации за патување во лето 2025 (и кои места да ги изберете како нивна алтернатива)
Брегот Амалфи, Италија
Возењето по крајбрежјето на Амалфи е сон на многумина. Но, тој сон во лето лесно може да се претвори во кошмар, бидејќи тесните, кривулести патишта се преполни со автомобили.
Преполни со туристи се и местата како Позитано и Амалфи, па нема да можете да најдете место ни за јадење, ни за опуштено да отидете на плажа, бидејќи плажите се мали и преполни.
Сместувањето во овој дел од Италија се резервира со месеци однапред, а цените и тогаш се вртоглави.
Наместо тоа, размислете за брегот Чиленто. Појужно од брегот на Амалфи, во истиот регион, Чиленто нуди долги плажи, мирни села, антички урнатини и многу помалку луѓе.
Оваа област е национален парк и место заштитено од УНЕСКО - недопрено и автентично.
Амстердам, Холандија
Амстердам веќе некое време се обидува да ги ублажи негативните ефекти од туризмот, особено од „забавниот туризам“.
Тој и понатаму е прекрасен град кој мора да се види, но во лето можете да очекувате огромни толпи, колони пред музеите и преполни улици.
Наместо тоа, размислете за посета на Утрехт. Овој град често се нарекува „мал Амстердам“.
Има канали со кафулиња, историски центар и жива атмосфера - исто како Амстердам, но со помалку гужви и туристи.
Канарски Острови, Шпанија
Некои Канарски Острови (особено Тенерифе и Ланзароте) се соочуваат со протести од локалното население поради проблеми како што се недостигот на вода, притисокот врз природата и достапноста на становите.
Иако се убави и разновидни, овие острови можат да претставуваат вистински предизвик (и кошмар за туристите) во лето.
Размислете за Мадеира, Португалија. Овој португалски архипелаг нуди спектакуларни пејзажи, ботанички градини и единствена култура, сето тоа дополнето со многу помирна атмосфера и многу помалку тензија.
Рим, Италија
Рим можеби е вечниот град, но во лето може да биде навистина неподнослив.
Жешкиот камен, огромните толпи и редици од туристи пред атракциите како што се Колосеумот или Ватикан ја претвораат прошетката во овој историски град во вистинска борба.
Тешко е да уживате во чудата од минатото кога сте исцрпени од жештината и гужвите.
Наместо тоа, размислете да ја посетите Болоња.
Градот има богата историја, величествена архитектура, многу дрвја (и можност да се скриете од сонцето) и можеби најдобрата кујна во Италија. И сето тоа без стресот кој ќе го доживеете во Рим.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





