Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 најлоши дестинации за патување во лето 2025 (и кои места да ги изберете како нивна алтернатива)

Рим е еден од најубавите градови во Италија, па и во светот. Но, зошто не треба никогаш да го посетите ова лето?

7-najloshi-destinacii-za-letno-patuvanje-vo-2025-ta-i-koi-mesta-da-gi-izberete-kako-nivna-alternativa-01.jpg

Летната сезона 2025 е на прагот, а вие сигурно веќе правите планови каде сакате да одите. Ова не значи само посета на плажи, туку и популарни градови и дестинации за кои мечтаете.

Сепак, според експертите за патување на Travel off Path, ако една од следниве 7 дестинации е на вашата листа за ова лето, подобро да се откажете и да ја замените со некоја друга (во близина), а која ќе ви понуди подеднакво уживање.

Тоа не значи дека никогаш не треба да ги посетите, напротив, сите тие се места кои вреди да се видат, но не во лето, кога бројот на туристи расте, исто како и температурите, па овие градови стануваат неподносливи.

Ова се најлошите дестинации за патување преку лето (и причините зошто е тоа така):

Венеција, Италија

Гондоли, канали, волшебна архитектура. И премногу луѓе на мал простор.

Венеција со години се бори со прекумерен туризам, а летото е најлошо време да ја посетите.

Замислете си дека се обидувате да се пробиете низ тесните улички, едвај ги преминувате мостовите зашто сите сакаат да застанат и да се фотографираат, а на сите ваши фотки има повеќе туристи отколку „зрнца песок на плажа“.

И сето тоа дополнето со жешкото италијанско сонце.

Градот воведе и туристичка влезница и за да го ограничи бројот на луѓе кои дневно циркулираат низ улиците на Венеција, но и да собере средства со чија помош ќе спречи нејзино тонење.

Иако Венеција е прекрасна и еден од најубавите градови во светот, летните гужви можат целосно да ви го уништат искуството.

Наместо тоа размислете за Тревизо. Откај нас се стигнува директно со авион, а градо се наоѓа на кратко возење со воз од Венеција.

Овој шармантен град има средновековни ѕидини и канали и нуди слична естетика, но без толпите туристи.

7-najloshi-destinacii-za-letno-patuvanje-vo-2025-ta-i-koi-mesta-da-gi-izberete-kako-nivna-alternativa-02.jpg

Барселона, Шпанија

Барселона е уметнички и неодолив град, но во последниве години стана симбол на град со туристичка пренатрупаност.

Голем број локални жители протестираат против негативното влијание на масовниот туризам во градот - зголемување на кириите, премногу гужва насекаде и фактот што градот ја губи својата автентичност.

Точно, во Барселона можете да се забавувате одлично, но бидете подготвени да чекате со часови за да влезете во атракциите како што се Саграда Фамилија или Парк Гуел, а не е исклучено и да „влетате“ среде демонстрации.

А поради високите температури и летната жега, градот може да ве замори.

Наместо тоа, размислете за Валенсија. Третиот по големина град во Шпанија нуди совршена мешавина од историја, модерна архитектура, плажи и фантастична храна, а притоа е многу потивок од Барселона.

7-najloshi-destinacii-za-letno-patuvanje-vo-2025-ta-i-koi-mesta-da-gi-izberete-kako-nivna-alternativa-06.jpg

Санторини, Грција

Сини куполи врз белите куќи на карпи прават Санторини да изгледа како бајка.

Но, ако решите да го посетите на лето, подгответе се за хаос.

Познатиот грчки остров, освен што го посетуваат туристи кои доаѓаат тука на летување, секојдневно се „бори“ и со бројните туристи од огромните крузери кои секојдневно се закотвуваат таму.

Поради ова улиците се преполни, место за седнување во таверните и кафулињата скоро и да нема (без разервација), а поради бројните туристи, цените вртоглаво растат.

Санторини навистина личи идеално на Инстаграм, но во реалноста е далеку од идиличната слика.

Наместо тоа, размислете да го посетите Наксос. Најголемиот остров од Кикладите има прекрасни плажи, традиционални села, антички урнатини и автентична атмосфера - без хистеричните толпи и „лудите“ цени како на Санторини.

7-najloshi-destinacii-za-letno-patuvanje-vo-2025-ta-i-koi-mesta-da-gi-izberete-kako-nivna-alternativa-08.jpg

Уште 4 дестинации на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
12 причини зошто би сакала да се родев во Италија За да пијам вино во Тоскана, да јадам каноли од кои тече крем од ф'стак на Сицил...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
Најубавите и најпопуларните дестинации за 2025-та, според Tripadvisor Лондон е прогласен за најдобра дестинација и во Европа, и во светот, додека на л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg