Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села

Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште многу, скриени од градовите и сиот тој метеж и хаос. Таму сè уште се гази по сокаци и калдрми, таму се полни вода на чешми на сред село, во есен се шири мирис на зимница, а зимите се за спокој под бела снежна прекривка.

predlog-za-kratko-vikend-patuvanje-5-preubavi-makedonski-sela-01.jpg

Убавините на Македонија се познати надалеку, природните богатства, бујните зелени шуми, пространите падини, плодните лозја и ниви, жуборливите реки и извори, езерата и планинските врвови кои како заштитници, гордо ја чуваат сета таа рајска убавина.

На секое ќоше од нашата мила земја се крие по некое мало парче природа кое вреди да се посети, да се почувствува, да се впие сета таа енергија која само природата ја дарува.

Живееме во свет на технологија и трка за заработка и пари, повеќе внатре, во четири ѕида пред големи екрани, отколку надвор. Живееме во таа урбана асфалтна џунгла која ја црпи сета наша енергија, па затоа бегство во природата е секогаш добредојдено! Да се наполнат батериите, да се соберат нови сили, да се обнови енергијата за да успееме да ја издржиме оваа трка со времето, технологијата и парите.

Падините на Водно, кањонот Матка, Козјак, Маврово се места кои најчесто се полни за викенд, барем за скопјани, но секој град си има свое место во близина каде природата царува.

Кога ќе имате барем малку повеќе слободно време, посетете некои од македонските села каде природата била мошне дарежлива, каде изворите силно жуборат, каде старите куќички и воденици мамат погледи и фотографии, и тук-таму по некоја мала црква, скриена од очите на јавноста.

Таа трка за пари во модерниот и технолошки свет ги испразни селата и ги оставија на работ на заборавот, само за викенд се слуша детски глас… Но, да не ги заборавиме овие мали парчиња рај!

Трпејца и Радожда на брегот на Охридското езеро, мијачките Лазарополе и Галичник, Брајчино и Долно Дупени на Преспанското езеро, Вруток со изворот на Вардар…

Македонија е полна со села кои треба да ги ставите на вашата листа на посета.

Вруток – свежа риба, чист воздух и жуборот на изворот

Изворот на најголемата македонска река, Вардар, во селото Вруток во подножјето на Шар Планина, е совршен за кратко бегство од секојдневната градска турканица и уживање во природа.

Самото подножје на планината каде е вгнездено селото е богато со обработливо земјиште, густи листопадни шуми и високо квалитетна вода за пиење директно од самиот извор на Вардар.

Изворот на Вардар се наоѓа на 683 метри надморска височина, додека селото се простира и до 755 метри надморска височина. Водата која извира е ладна и кристално чиста. Во минатото селото било познато по своите чешми од кои населението се снабдувало со чиста вода.

Селото Вруток привлекува голем број туристи не само поради својата природна убавина и чистиот воздух, туку бидејќи е симбол за вкусната риба и ракија, одлични за семеен ручек во еден од многуте ресторани во етно стил.

https://www.instagram.com/p/CrdOUahtCmS/

Трпејца – кристална езерска вода и волшебно зајдисонце

На брегот на Охридското езеро е сместенo Трпејца, едно од најубавите македонски села, со кристална езерска вода и зајдисонце кое го одзема здивот.

https://www.instagram.com/p/Cve7Kpxs8ye/

Ова мало, старо рибарско село е одлично за вљубениците на мир и тишина каде се слуша само звукот на брановите.

Селото има богата историја, а неговото име доаѓа од зборот „трпеза“, зашто некогаш аџиите на пат за манастирот Свети Наум застанувале во селото и во чест на многуте монаси што живееле аскетски живот, поставувале трпеза полна со свежо уловена езерска риба.

А, откако ќе ги насладите очите и душата со оваа убавина, насладете се во традиционална рибја чорба, вистински охридски специјалитет.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Најубавите божиќни базари во Европа за 2023, кои вреди да ги посетите Од базарите во Стразбур и Колмар во Франција, до малиот базар во Опатија, Хрватс...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg