„Бременоста ми е ролеркостер од нови емоции, многу апетит, поразлично самоосознавање, плус 20 килограми и нов стил. Најмногу од сè ми недостасуваат фармерките, имам два пара од оние за трудници и не ги облеков ниту еднаш. Решив дека ќе облечам фармерки кога ќе можам да влезам во старите, барем 36-ка“, вели Даниела Ѓуровска (28), која е една од најдоброоблечените трудници во Македонија.