На светот му требаат силни и независни жени – како си поминав на уникатната модна ревија во Скопје?

Од Клара Цеткин, преку Малала Јусафзаи, до Грета Тунберг, светот секогаш имал силни жени со кои сите се гордеат. Тие ја менуваа историјата, а со своите животни приказни го отворија патот за идните генерации.

fustani-so-djebovi-za-silni-slobodni-i-nezavisni-zheni-koi-go-dvizhat-svetot-kako-si-pominav-na-unikatnata-modna-revija-vo-skopje-01.jpg

Ништо помалку импресивни не се ни македонските дами кои со години храбро чекорат напред. Слободни и независни жени кои не се плашат да ги земат работите во свои раце. Дами претприемачи со интересни и возбудливи идеи.

Е, токму тие дами доминираа на настанот „Фустани со џебови“ кој се одржа во хотелот „Хилтон“ на 24 март во организација на Халкбанк АД Скопје.

fustani-so-djebovi-za-silni-slobodni-i-nezavisni-zheni-koi-go-dvizhat-svetot-kako-si-pominav-na-unikatnata-modna-revija-vo-skopje-10.jpg

Кога тргнав на модната ревија која беше посветена на финансиската независност на жените, не знаев што да очекувам. И какви ќе бидат тие фустани со џебови?

За кратко сфатив дека џебот е всушност симбол на финансиската и економска самостојност на жените.

fustani-so-djebovi-za-silni-slobodni-i-nezavisni-zheni-koi-go-dvizhat-svetot-kako-si-pominav-na-unikatnata-modna-revija-vo-skopje-03.jpg

Уште на самиот влез знаев дека ова ќе биде едно поинакво и уникатно искуство. Прво, затоа што пет македонски креатори ги претставија своите впечатливи фустани. Второ, зашто веднаш по ревијата се одржа аукција на која се продадоа сите 11 парчиња, а парите ќе им бидат дадени на жени од социјално загрозени семејства.

Додека стоев отстрана со чаша вино, и гледав кој сè е во публиката на ревијата, сфатив дека сите жени во моја близина имаат успешна животна приказна.

fustani-so-djebovi-za-silni-slobodni-i-nezavisni-zheni-koi-go-dvizhat-svetot-kako-si-pominav-na-unikatnata-modna-revija-vo-skopje-04.jpg

Освен модните креаторки, кои низ годините создадоа име за себе и брендови за кои се зборува, во публиката препознав бизнис-жени, успешни модели, сопственички на мали бизниси, познати водителки, жени-претприемачи...

Во прекрасната атмосфера од насмеани лица и искрени разговори, се сетив на нешто што мајка ми ми го кажа одамна: „Никогаш не се извинувај за успехот што ќе го постигнеш во животот. Никој нема да ти го даде на тацна, самата ќе мора да се испотиш за сè. Ама, ќе биде сладок, а ти ќе одиш со високо крената глава“.

fustani-so-djebovi-za-silni-slobodni-i-nezavisni-zheni-koi-go-dvizhat-svetot-kako-si-pominav-na-unikatnata-modna-revija-vo-skopje-06.jpg

И некако, гледајќи наоколу, видов стотина жени со високо крената глава, кои веруваат во себе и тоа што го работат. Повеќе или помалку, сите тие вредно работеле да стигнат до нивото на кое се денес. Да постават стандарди. Да создадат име за себе. Да бидат препознатливи. И да бидат инспирација за другите.

А вакви инспиративни жени со позитивна енергија, кои сакаат да кажат нешто на глас, е вакви инспиративни жени ни требаат повеќе.

fustani-so-djebovi-za-silni-slobodni-i-nezavisni-zheni-koi-go-dvizhat-svetot-kako-si-pominav-na-unikatnata-modna-revija-vo-skopje-05.jpg

Дали додека го читате ова си викате – Па и јас сум една од нив! Јас можам! И сакам!

Всушност, на ревијата дознав дека сега тоа го можеме сите. А ако ни недостига малку храброст да почнеме да ги реализираме своите идеи, креативната кампања на Халкбанк „Вистински слободна“ нуди пакет производи за жени претприемачи, со кој ќе ја добиеме својата финансиска и економска самостојност.

fustani-so-djebovi-za-silni-slobodni-i-nezavisni-zheni-koi-go-dvizhat-svetot-kako-si-pominav-na-unikatnata-modna-revija-vo-skopje-07.jpg

На светот навистина му требаат силни жени што ќе се поддржуваат една со друга, кои ќе градат подобра иднина за своите деца, ќе сакаат и ќе бидат сакани и ќе бидат вистински лидери.

fustani-so-djebovi-za-silni-slobodni-i-nezavisni-zheni-koi-go-dvizhat-svetot-kako-si-pominav-na-unikatnata-modna-revija-vo-skopje-02_copy_copy_copy.jpg

fustani-so-djebovi-za-silni-slobodni-i-nezavisni-zheni-koi-go-dvizhat-svetot-kako-si-pominav-na-unikatnata-modna-revija-vo-skopje-09.jpg

fustani-so-djebovi-za-silni-slobodni-i-nezavisni-zheni-koi-go-dvizhat-svetot-kako-si-pominav-na-unikatnata-modna-revija-vo-skopje-08_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
Модно шоу со скриена моќна порака и уште 2 ревии на отворањето на Shtip Fashion Days 2024 Во мистичната атмосфера на стариот погон на фабриката „Македонка“, беа промовира...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg