„Шетав по долна облека, без панталони, по примерот на познатите дами – како реагираа луѓето?“
Периодов многу познати дами излегуваат со комбинација без панталони – носат само хулахопки и долна облека. Една жена решила да го проба овој чуден тренд и прошетала низ Њујорк со таква комбинација, а реакциите на луѓето ја изненадиле.
Можеби сте забележале дека многу познати дами и инфлуенсерки почнаа да го следат трендот „без панталони“. Односно, носат модни комбинации кои дефинитивно треба да вклучуваат и панталони, но тие ги изоставаат и обично ги заменуваат со обични, проѕирни хулахопки.
Овој тренд доминираше и на модните писти на Модната недела во Њујорк.
Најчесто станува збор за комбинација со кошула или маичка, сако и хулахопки, како и долна облека врз хулахопките.
Елана Фишмен од Њујорк била изненадена од чудниот тренд, па решила да го проба и без панталони да прошета низ родниот град.
Нејзината комбинација, инспирирана од Кајли Џенер, вклучува бела маичка, црни хулахопки, бела долна облека, капут и црни штикли.
„Инспирирана од милијардерката, направив слична комбинација и ја тестирав низ улиците на Њујорк. Додека шетав низ улицата во мојата долна облека и штикли како Кајли, се чувствував како да го живеам најлошиот кошмар – да излезам од дома без облека.
А, фактот што надвор беше студено, не беше од помош. Но, изненадувачки, на луѓето изгледа им се допаѓаше овој изглед“, открива Елана за Page Six.
Таа вели дека неколку луѓе ѝ рекле дека сигурно ѝ платиле за да излезе со таква комбинација, а неколку мажи (но и жени) ѝ дале и комплимент.
„По околу еден час шетање во мојата долна облека, почувствував глад. Па, инспирирана од Бела Хадид која неодамна беше фотографирана како јаде пица во боксерки, си купив парче пица од една од омилените пицерии“.
„Освен можноста да си ја извалкам белата облека и високите штикли што ги облеков, мојата комбинација беше навистина удобна.
Од помош ми беше и тоа што, исто како Кајли, облеков долг капут кој не само што ме топлеше, туку и ми го криеше задникот“.
„Додека не сум сигурна дека повторно ќе излезам со ваква комбинација, има начини да ја искомбинирате долната облека, а да не изгледате како Captain Underpants“.
„Погледнете ја Кендал Џенер која ги комбинирала црните гаќи со џемпер, хулахопки и штикли“.
„Или, Камила Мендез која изгледа кул на Модната недела во Њујорк со црн бралет и гаќи со висок струк, во комбинација со широка кожена јакна.
Кога станува збор за овој тренд, изгледа можностите за комбинирање се бескрајни“.
Дали имате храброст да го пробате овој тренд?
Спирова С. | Црнобело