„Јас сум модна уредничка - кои се 5-те модни правила кои секогаш ги прекршувам?“
Носете облека што ќе ја избалансира вашата телесна фигура: Ако се срамам од моите широки колкови – ќе ги сокријам, но ако сметам дека иако се широки, се навистина секси, тогаш зошто да не ги истакнам?
Криси Тарнер од Велика Британија е модна уредничка во магазинот „Eliza“, која има одличен моден стил, но вели дека постојат модни правила кои сака да ги прекршува.
Криси Тарнер
Таа вели дека најважно ѝ е да се чувствува комфорно и самоуверено во парчињата што ги носи.
Правила кои секогаш ги прекршува:
Носете облека што ќе ја избалансира вашата телесна фигура
Ако се срамам од моите широки колкови – ќе ги сокријам, но ако сметам дека иако се широки, се навистина секси, тогаш зошто да не ги истакнам?
Не носете црно блиску до лицето
Да, различните тонови, различно влијаат и ја прикажуваат кожата и црната боја наводно не ни прави никаква услуга, но лесна ми е за комбинирање, па без разлика како ми „стои“ на лицето си ја носам.
Купувајте парчиња облека во вашиот број
Неретко сакам да носам дуксери кои се два броја поголеми или некои макси јакни, па зошто да не го правам тоа? Најважно ми е мене да ми е комфорно. Сакам и машки фармерки и макси јакни.
Чувајте ги скапите парчиња за посебни пригоди
Да, внимавам на нив, но никако не ги чувам за нови. Со задоволство си ги носам дизајнерските чанти и чевли во кои сум инвестирала мало богатство.
Не комбинирајте црно со тегет или кафеаво
Ова е застарено правило и сметам дека чудните миксови на бои се навистина шик.
С. С. | Црнобело