8 (евтини) парчиња облека и модни додатоци што ги купуваме импулсивно, а не треба
Евтини маички
Секогаш е добро да имате неколку маички во разни бои бидејќи се одлична основа за безброј комбинации.
Но немојте да ги купувате импулсивно или само затоа што се евтини.
Ако не се квалитетни, ќе се растегнат по само неколку носење, а и бојата брзо ќе им избледи.
Хеланки
Иако најчесто се носат по дома или во теретана, и хеланките се парче облека за кое би требало да размислите пред да го купите.
Постојат многу модели кои навидум се одлични, но штом ќе ги облечете, ќе сфатите дека се проѕирни и со тоа неупотребливи.
Облека која бара многу нега
Кога купувате што било, мора да размислите дали имате услови (и нерви) да се грижите за него.
Постојат многу парчиња облека кои изгледаат навистина одлично, но се мошне тешки за перење или пеглање.
Па, секогаш земајте го предвид и ова пред да купите нешто, особено ако е поскапо.
Градници
Навистина е тешко да одолееме на градник со убав дезен, уште потешко ако е со релативно ниска цена.
Но, и ова е парче облека кое треба да го избираме внимателно.
Важно е градникот да ви ја нуди потребната поддршка, особено ако имате поголеми гради, па немојте да го купувате импулсивно без да го пробате.
Спирова С. | Црнобело