8 (евтини) парчиња облека и модни додатоци што ги купуваме импулсивно, а не треба
Рамните патики и балетанки се лесни за комбинирање и можат да се најдат по многу ниски цени, па не е ни чудно што настојуваме да ги купуваме импулсивно. Но, овие модели на чевли не нудат никаква анатомска поддршка и не се најдобар избор за секојдневно носење.
Некогаш поради убавиот изглед, а многу почесто поради ниската цена, сите купуваме парчиња облека и модни додатоци без многу размислување.
Но, подоцна сфаќаме дека или не се практични, или не се удобни или траат само 2-3 носења.
Кои модни додатоци и облека не треба да ги купувате импулсивно?
Рамни патики и балетанки без анатомска поддршка
Точно е дека овие модели се мошне лесни за комбинирање, но имајте на ум дека не се практични за често носење бидејќи не нудат никаква поддршка.
Ако ги носите секој ден, можат да ви предизвикаат секакви проблеми – од болки во стапалата и грбот, до неправилно држење на телото.
Волнени зимски капи
Во продавница, волнените капи изгледаат навистина добро, а ги има во секакви бои.
Па, на скоро сите им се случило импулсивно да купат барем една.
Но, волнените капи не се најудобни за носење, а бидејќи се и многу дебели, не изгледаат најдобро кога ќе ги ставиме.
Затоа, кога купувате зимска капа, осигурете се дека е од памук и задолжително пробајте ја.
Колани од „лажна“ кожа
Неретко овие колани се многу евтини, а бидејќи изгледаат добро, ги купуваме без многу размислување.
Сепак, ако сте купиле барем еден ваков колан, знаете дека по 2-3 носења почнува да се одлепува или да му се лупи бојата.
Затоа, секогаш вреди да дадете и денар повеќе за поквалитетен колан.
Блузи со гол грб
Уште едно парче кое можеби изглед добро во продавница, но во реалноста не е најпрактично.
Најпрво, вистински предизвик е да најдете соодветен градник за овие блузи.
Покрај тоа, овие блузи се и потешки за комбинирање и не се соодветно парче облека за многу места, како на работа.