Облека со натпис и уште 4 работи кои елегантните дами не ги носат

Маички со име на град: Овие маички знаат да бидат испишани со имињата на големите градови како Париз, Лондон, Њујорк, но колку и да го сакате тој град, нема да изгледате елегантно.

obleka-so-natpis-i-uste-4-raboti-koi-elegantnite-dami-ne-gi-nosat-01.jpg

Секој си има свој начин на облекување и за вкусови не се расправа. Но,  доколку сакате да го негувате елегантниот стил, тогаш покрај манирите, мора да внимавате на многу модни правила.

Покрај тоа што треба да знаете што е најдобро да се носи за одредена пригода, мора да се внимава и на тоа што да НЕ се носи.

Работи кои елегантните дами не ги носат:

Маички со име на град

Овие маички знаат да бидат испишани со имињата на големите градови како Париз, Лондон, Њујорк, но, колку и да го сакате тој град, нема да изгледате елегантно.

obleka-so-natpis-i-uste-4-raboti-koi-elegantnite-dami-ne-gi-nosat-0202.png

Облека со натпис

На дамите им е дозволено да носат и спортска облека како тренерки и дуксери, но не и да бидат испишани со каков и да е текст на нив – ниту на горниот, ниту на долниот дел. Не сакате да бидете билборд на вашите мисли и ставови.

obleka-so-natpis-i-uste-4-raboti-koi-elegantnite-dami-ne-gi-nosat-0302.jpg

Ланче со име

Можеби изгледа слатко и нежно, но една дама знае дека не смее да го кажува секому своето име, туку само тогаш кога треба. На тој начин личите како милениците кои носат приврзочиња со име на нивното ремче.

obleka-so-natpis-i-uste-4-raboti-koi-elegantnite-dami-ne-gi-nosat-0402.jpg

Шарена маска за телефон

Мобилните телефони веќе долго време се дел од нас и постојано ни се в раце, па затоа е многу важно и тие како изгледаат. Доколку ставите шарена маска, а сакате да изгледате елегантно, тогаш не смеете да си дозволите да имате маска која изгледа детски или тинејџерски.

obleka-so-natpis-i-uste-4-raboti-koi-elegantnite-dami-ne-gi-nosat-0502.jpg

Премногу накит

Накитот е начин на изразување, но премногу накит на себе не дава елегантен изглед. Тој е еден од деталите на една жена кој ја „издава“ таа каква е, па затоа најдобро е да изберете да носите еден прстен, едно ланче и поситни обетки.

obleka-so-natpis-i-uste-4-raboti-koi-elegantnite-dami-ne-gi-nosat-0602.jpg

M. Л. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg