14 (ужасни) модни трендови од 2022-ра кои сите сакаат да ги заборавиме во новата година
„Ламинација на веѓи. Ова ќе биде како многу тенките веѓи од 2000-тите што сега ги прогонуваат милениумците“. Кои други трендови од 2022 луѓето сакат да ги заборавиме?
Во 2022 година навистина видовме многу нови модни трендови. Помладите генерации „воскреснаа“ дел од трендовите што доминираа во 2000-тите, некои инфлуенсери и познати личности воведоа нови, а има и трендови кои се хит веќе неколку години по ред.
Сепак, ако нешто е тренди, не значи и дека по секоја цена изгледа добро или дека е практично.
Односно, кога станува збор за модерните трендови, мислењето на јавноста можеби никогаш не било поподелено.
Ова одлично го покажуваат коментарите на неколку читатели на BuzzFeed, кои откриваат кои трендови би сакале да останат во 2022 година и да не продолжат во новата.