Сузана Спасовска и на 58 години е безвременска дама со специфичен моден стил (фото)
Таа со гордост си ги носи годините и изгледа неверојатно и во шестата деценија од животот. Дама со специфичен моден стил, која е препознатлива по големите хитови и „златното грло“... „Вистина е, понекогаш и повеќе од 24 часа можам да сум на вода и некое горко кафенце, но за Нова година никако не можам да им одолеам на кифличките и руската салата“, вели Сузана Спасовска.
Сузана Спасовска (58) е наша фолк музичка ѕвезда која од 80-тите години ја негува македонската песна и има снимено над 21 самостојни аудио и ДВД изданија, многу видео записи со врвен квалитет, музички антологии, самостојни концерти и фестивали и не сопира со интензитетот.
Со право ги носи прекарите „Сузе Национале“, „златното грло“, „славејот македонски“.
Позната е по својот специфичен моден стил, за кој вели дека отсекогаш храбро експериментирала. Таа до денес го негува стилот и за неа времето како да застанало.
Неодамна на нејзиниот Фејсбук профил се огласи по повод некои написи во медиумите за нејзиниот строг режим на исхрана.
„Вистина е, понекогаш и повеќе од 24 часа можам да сум на вода и некое горко кафенце, но за Нова година никако не можам да им одолеам на кифличките и руската салата. И, потоа се мислам вагата точна ли е, не ли е...“, напиша шеговито Сузана.
Периодов Сузана гостуваше во емисијата на водителката и пејачка Бојана Скендеровски, а на фотографијата со неа, што Бојана ја објави на Инстаграм, изгледа како Сузана да не старее.
Покрај во оваа емисија, нашата фолк легенда гостуваше и во низа други предновогодишни емисии, а фотографии споделува на нејзиниот Фејсбук профил.
Погледнете дел од нејзините појавувања и модни избори во предновогодишниот период:
С. С. | Црнобело / фото: Фејсбук