Запознајте ја Лидија Лешиќ - една од најдобро облечените жени во Хрватска (фото)

„Кога купувам гледам тоа да се класични парчиња облека кои потоа ќе можам да ги комбинирам и носам секој ден. Често ги прескокнувам актуелните трендови и сакам аутфитите пред сè да ми се удобни. За мене жена е средена кога косата ѝ е чиста, а ноктите ѝ се уредни“, споделува Лидија Лешиќ, една од најдоброоблечените жени во Хрватска.

lidija-leshikj-e-edna-od-najdobro-oblechenite-zheni-vo-hrvatska-foto-01.jpg

Лидија Лешиќ е модел, инфлуенсерка, правник и дизајнер, а според многумина и една од најдоброоблечените жени во Хрватска.

Најголем дел од времето го минува на хрватскиот остров Вис, иако има живеено низ разни светски метрополи поради нејзината кариера како модел. Вели дека темпото на Загреб веќе ѝ е пренапорно.

lidija-leshikj-e-edna-od-najdobro-oblechenite-zheni-vo-hrvatska-foto-02.jpg

Лидија открива дека најголемо влијание врз нејзиниот моден стил имале годините кои ги минала живеејќи во Милано.

Таа има тренирано кошарка, па обожава широки парчиња облека и полека се враќа кон својот некогашен моден стил.

„Кога купувам гледам тоа да се класични парчиња облека кои потоа ќе можам да ги комбинирам и носам секој ден. Често ги прескокнувам актуелните трендови и сакам аутфитите пред сè да ми се удобни.

Сакам кежуал стил, а омилени обувки ми се патиките.

lidija-leshikj-e-edna-od-najdobro-oblechenite-zheni-vo-hrvatska-foto-03.jpg

Исто така сум вљубеник во XXL сакоа, кои ги разигрувам со впечатливи модни додатоци, како шешири на пример.

За мене жена е средена кога косата ѝ е чиста, а ноктите ѝ се уредни“.

Модниот стил на Лидија Лешиќ:

Повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...
Maкедонки облечени во тон со своите ќерки (фото) Од исти шапки до исти фустанчиња, некои мајки обожаваат да се облекуваат во тон ...
4-годишно девојче од Прилеп е модна инспирација на Инстаграм (фото) Забавни аутфити и талент за позирање, запознајте ја малата Марија од Прилеп, кој...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...
Ревијата на Ивана Кнез беше вистинско уживање: Доминираа секси и храбри креации (фото) Модната дизајнерка Ивана Кнез на Скопскиот Моден Фестивал вчера (03.04.2024) го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg