9 тренди комбинации со џемпер со кои нема да ви студи во зимските месеци
Никогаш нема да погрешите со џемпер во комбинација со долга кошула или џемпер и сако од подебел материјал.
Џемперите се омиленото парче облека за во зима. Покрај тоа што се топли и удобни, лесно можат да се комбинираат со многу други парчиња облека.
Како да ги комбинирате џемперите оваа зима за да изгледате тренди, без да ви студи?
Во комбинација со долга кошула
Можете драстично да го подобрите изгледот на комбинацијата ако под џемперот облечете долга кошула.
Во овој случај само треба да внимавате бојата или дезенот на кошулата и џемперот да се усогласуваат.
Со колан
Доволно е да ставите колан на половината за да го претворите широкиот џемпер во потполно ново парче облека.
Коланот изгледа одлично и со долгите џемпери кои можете да ги носите како фустани.
Завиткајте ги ракавите
Наместо само да ги кренете ракавите, завиткајте ги како на кошула и веднаш ќе го освежите изгледот на комбинацијата.
Џемпер како моден додаток
Кога времето е променливо, не мора да го облекувате џемперот, туку врзете го за ракавите на рамената.
Ако ви стане ладно, само облечете го и ќе добиете одлична комбинација од џемпер и кошула.