Ледено сина сенка за очи – Моден тренд што ги освои и македонските дами (фото)

Сината сенка за очи е вистински тренд оваа есен. Бојата по која беа препознатливи Елизабет Тејлор, Деби Хари и Кристина Агилера се враќа во мода оваа есен, а кои македонски дами веќе испробаа како им стои?

ledeno-sina-senka-za-ochi-moden-trend-shto-gi-osvoi-i-makedonskite-dami-foto-01.jpg

Заборавете на топлите и земјени нијанси, благодарение на славните трендестерки како Кендал Џенер и Тејлор Свифт, оваа есен во тренд е сината сенка за очи, а некои од македонските пејачки веќе се појавија на настапи со ваков изглед.

Ледено сината боја е застапена во поголем број дизајнерски колекции и повторно е во мода кога станува збор и за шминката.

Сината сенка за очи досега била во тренд во повеќе наврати, па така во 60-тите Елизабет Тејлор беше една од славните дами што редовно се појавуваше со ваква сенка, во 80-тите години со сина сенка се појавуваше пејачката на Blondie, Деби Хари, но и Кристина Агилера во 90-тите.

ledeno-sina-senka-za-ochi-moden-trend-shto-gi-osvoi-i-makedonskite-dami-foto-02.jpg

Со оглед на тоа што новите модни трендови се инспирирани од сѐ што сме имале можност да видиме во минатото, воопшто не е чудно тоа што и сината сенка се враќа како моден тренд.

Оваа есен трендот го започна Кендал Џенер, која објави фотографија на која носи мат сина сенка за очи.

Хејли Бибер, пак, која важи за девојка која ретко користи впечатлива шминка за лице, уште минатата пролет, го најави трендот, па објави фотографии на кои може да се види дека и таа не можела да му одолее на синиот тренд, но за разлика од другите што сакаат силно обоени капаци, таа користи само впечатливо сино моливче за очи во долниот дел.

Тејлор Свифт на фотографијата од омотот на нејзиниот најнов албум Midnights носи сина сенка со светки и црн ајлајнер, моден тренд што нѐ потсеќа на периодот од 80-тите и 90-тите години.

На овој моден тренд не останаа имуни и познатите Македонки, па така некои од нив испробаа да носат сина сенка за очи, а на Инстаграм споделија фотографии и видеа.

Погледнете повеќе фотографии од македонските дами во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg