„Како стојат истите стајлинзи на фит ѕвездите vs. како ми стојат мене“
„Сите облици на женско тело се убави“ - тврди американката Кејт Стурино која со објавување фото споредби се обидува да им помогне на плус-сајз девојките да ја зголемат сопствената самодоверба, но и да покаже дека не се само витките и извајани тела убави.
Плус-сајз моделот и претприемачот Кејт Стурино (38) е основачка на брендот Megababe, а таа активно се заложува за нормализација на сите форми на женското тело.
Освен што креира модели наменети за плус-сајз девојките, таа активно објавува фотографии на Инстаграм на кои самата се облекува во модели слични или идентични со оние што претходно ги носеле и светските модели и познати дами, па сака да покаже дека сите облици на женското тело се убави.
„Светот на жените е конструиран околу физичкиот изглед за да ни ја одземат моќта. Сѐ се враќа назад кон патријархалното воспитување.
Ако сме фокусирани само на естетските работи што се менуваат на секои 10 години, тогаш нема да се фокусираме на тоа што сме изоставени во голем број разговори и позиции на моќ“ - рече таа во изјава за Vogue.
Кејт е вистинско освежување во споредба со големиот број жени што објавуваат фотошопирани и обработени фотографии, во кои се обидуваат да ги скријат сите свои несовршености, затоа што се обидува да прикаже дека некогаш истите парчиња облека може да изгледаат елегантно и убаво, без разлика дали ги носи модел или плус-сајз девојка.
Таа има околу 790 илјади следбеници на Инстаграм кои ги следат нејзините објави каде што често прави фото споредби.
Погледнете дел од нив:
Б. С. Б. | Црнобело