Како познатите жени ги истакнуваат најдобрите карактеристики, а ги прикриваат „недостатоците“ на телото со облеката?

Бидејќи Кејт Мидлтон има широки рамена и потесни колкови, честопати носи здолништа со А-крој кои додаваат волумен во областа на колковите.

kako-poznatite-zheni-gi-istaknuvaat-najdobrite-karakteristiki-a-gi-prikrivaat-nedostatocite-na-teloto-so-oblekata-01.jpg

Никој нема совршено тело, дури ни познатите дами кои неретко ги гледаме како симбол за совршенство.

Како и „обичните“ жени, и тие имаат „недостатоци“ во зависност од типот на нивното тело. Некои имаат кратки нозе, некои имаат поширока половина, а некои имаат многу тесни колкови.

Но, тие умешно ја користат облеката за да создадат илузија на совршенство и за да ги прикријат овие „недостатоци“.

Па, кои модни лекции можеме да ги научиме од нив?

Кира Најтли често носи парчиња украсени со тантела

Кира Најтли има тело како на супермодел, па честопати додава волумен во областа на градите, колковите и рамената со облека украсена со тантела и други детали.

kako-poznatite-zheni-gi-istaknuvaat-najdobrite-karakteristiki-a-gi-prikrivaat-nedostatocite-na-teloto-so-oblekata-02.jpg

Кејт Мидлтон обожава здолништа со А-крој

Кејт Мидлтон има широки рамена, тесна половина и тесни колкови. Поради ова, совршено ѝ стојат здолништа и фустани со А-крој, а таа многу добро го знае ова.

kako-poznatite-zheni-gi-istaknuvaat-najdobrite-karakteristiki-a-gi-prikrivaat-nedostatocite-na-teloto-so-oblekata-03.jpg

Алисија Викандер преферира струкирани парчиња

Младата актерка честопати се појавува со струкирани парчиња, но и здолништа и панталони со висок струк кои ја истакнуваат нејзината половина.

kako-poznatite-zheni-gi-istaknuvaat-najdobrite-karakteristiki-a-gi-prikrivaat-nedostatocite-na-teloto-so-oblekata-04.jpg

Корсетите се омилено парче на Блејк Лајвли

Блејк Лајвли секогаш изгледа беспрекорно бидејќи знае како да ги нагласи нејзините добри карактеристики.

Актерката има широки рамена и колкови и совршени нозе. А, со цел да создаде илузија на фигура како на песочен часовник честопати носи корсети во комбинација со широки здолништа, како и панталони со висок струк.

kako-poznatite-zheni-gi-istaknuvaat-najdobrite-karakteristiki-a-gi-prikrivaat-nedostatocite-na-teloto-so-oblekata-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
Широки фармерки, палта, необични очила: Каков е стилот на Тамара Тодевска кога не е на сцена? Модниот стил на Тамара Тодевска на сцената и во приватниот живот не се разликува...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg