Фото-докази дека здолништето од сатен е задолжително парче за оваа сезона
Иако најчесто се избор за елегантни комбинации, модните блогерки докажуваат дека сатенското здолниште изгледа одлично и во комбинација со патики и други лежерни парчиња, па мора да имате едно слип здолниште во гардероберот.
Парчињата од сатен стануваат мошне популарни. По сатенските фустани кои изгледаат добро на секој тип на тело, ова лето вистински хит се и здолништата од сатен.
Иако најчесто се избор за елегантни комбинации со сандали и штикли, модните блогерки покажуваат дека можат да изгледаат одлично и со лежерни парчиња.
Со патики, штикли, кошули, сако, памучни маици, па дури и со блузони – навистина има безброј начини да ги комбинирате сатенските здолништа.
А, токму ова ги прави задолжително парче облека за оваа сезона.
Неколку фотки што одлично го покажуваат ова:
Спирова С. | Црнобело