Трик за девојки со големи гради: Свртете ги триаголниците наопаку и ќе добиете бикини на преклоп (видео)
Ќе добиете нов модел на бикини, само ако го промените начинот на врзување. Дополнително, овој модел е одличен за сите што сакаат поголема покриеност на градите.
Модната инфлуенсерка Моника Манчини на социјалните мрежи честопати објавува видеа во кои споделува совети за начинот на облекување според изгледот на телото, а овојпат покажа еден интересен трик за девојките со поголеми гради.
Со едноставен трик можете да добиете сосема поинаков модел на бикини.
„Имам трик за бикини што може сите да го пробаат, вклучувајќи ги и девојките со поголеми гради“ – вели таа во нејзиното видео.
Како што покажа, бикини костимот за капење треба да го свртите наопаку и да ги одделите двата триаголници.
https://www.instagram.com/p/CXKedwqrikH/?utm_source=ig_web_copy_link
Притоа средишниот дел помеѓу двата триаголници оди на вратот, а врвките што вообичаено одат околу вратот и на грбот, сега се врзуваат одзади.
На овој начин добивате бикини на преклоп што се одлични за девојките што имаат поголеми гради и на кои им треба поголема покриеност.
Погледнете го видеото со подетално упатство:
@monikkamancini Bikini hack for hot girl summer ?☀️#swimsuithack #hotgirlsummer #bigchestedgals #itsabikini ♬ Black Ball - YoungBoy Never Broke Again & Birdman
Б. С. Б. | Црнобело