Откриени митови за целулитот
Заблудите за целулитот се раширени приближно еднакво колку и самиот целулит. Меѓу митовите се истакнува оној дека целулитот...
...го имаат само жените, и тоа дека може да се отстрани со липосукција.
Ова се вистините:
1. Целулитот се појавува и кај мажи. Околу 10% од мажите имаат целулит. Иако, се уште не е познато зошто им се случува ова. Мажите со целулит не мора да имаат хормонална нерамнотежа.
2. Целулитот го добиваат само дебели жени. Не. Ова е само несреќна гласина. Слабите жени добиваат целулит уште порано, а со тек на време станува поизразен.
3. Целулитот може да се отстрани со липосукција. Не. Оваа процедура службено никогаш не била препорачана против целулит, а постои и можност да ја влоши состојбата.
4. Диета и вежбање го спречуваат целулитот. Не мора да значи. И жени со потпросечна тежина имаат целулит.
5. Нема лек за целулитот, иако многу пластични хирурзи и дерматолози тврдат поинаку. Овој мит води на погрешна трага и ја убива надежта на жените. Лек за целулит постои – многу вода, движење, масирање, јадење свежа храна, помалку сол и мрсна храна. Но, ова мора да го правите постојано и редовно. Не само пред одмор.