Нов летен тренд е фустанот кој го открива стомачето, наместо да крие комплекси и вишок килограми (фото)
Новиот моден тренд сезонава кој го донесоа ѕвездите и модните брендови е разголено стомаче, независно дали имате витка фигура, тело со мали несовршености или пак сте бремени.
Ријана прва го промовираше трендот на разголено трудничко стомаче, а по неа гордо се приклучи и топ-моделот Адријана Лима.
Но, освен трудниците, оваа сезона сите ги носат фустаните со отсечоци во пределот на стомакот.
И не, не ви се потребни стомачни мускули како на Џеј Ло или кралицата Летиција, доволно е само да си купите ваков фустан, кој оваа сезона го носат и оние кои имаат мали несовршености во изгледот, без да се кријат зад затворени модели.
Имате ли храброст да „износите“ ваков модел?
Како „трендсетерките“ го носат новиот летен тренд:
М. М. | Црнобело