9 грешки поради кои вашите модни комбинации изгледаат монотоно
Облекувајте се слоевито, комбинирајте неколку бои и немојте да ги избегнувате парчињата со дезени.
Ако некогаш не сте задоволни од вашите модни комбинации и сметате дека се монотони, доволно е да промените само неколку ситници за драстично да им го подобрите изгледот.
Во продолжение најчестите грешки поради кои вашите комбинации изгледаат монотоно:
Комбинирате парчиња со слична нијанса и слична големина
Наместо да го комбинирате широкото здолниште со широка блуза, комбинирајте го со потесна. Истото важи и за широките панталони.
Кога станува збор за бојата, слободно комбинирајте различни бои наместо слични нијанси бидејќи вака комбинациите изгледаат многу подобро.
Ја носите кошулата „пуштена“
Некои кошули изгледаат добро „пуштени“, но повеќето модели изгледаат многу подобро ако ги ставите во фармерките или здолништето. Уште подобро ако додадете и колан.
Избегнувате облека со дезени
И минималистичките комбинации изгледаат добро, но слободно купувајте и парчиња со дезени.
На пример, обичната црна маичка ќе изгледа многу подобро во комбинација со карирани панталони или здолниште отколку еднобојни.
Не комбинирате бои во монохроматски комбинации
Речиси невозможно е да направите грешка со монохроматските комбинации, но не треба постојано да носите иста боја „од глава до пети“.
Комбинирајте парчиња со различни нијанси и ќе изгледате многу подобро.