12 ситници во изгледот кои играат улога за впечатокот кој го оставате
Облеката во излогот секогаш изгледа беспрекорно, но дури и тоа не значи дека на вас ќе стои подеднакво совршено.
На пример, иако синтетиката е сјајна и знае да изгледа скапо на излогот, сепак природните материјали подобро стојат на женското тело.
Ова се 12 ситници кои влијаат на тоа колку добро изгледате:
1. Нијансите на облеката
Бои кои изгледаат луксузно се: црна, бела, карамел нијанса, темно сина, сива, смарагдно зелена и нежно виолетова. Но, не и нивна комбинација.
2. Неправилни порабувања
Неправилните порабувања и набори секогаш е подобро да се скријат со ремен или друг детаљ.
3. Комплексни принтови
Кога се работи за принтовите – секогаш подобар изброр е класиката: линии, точки или големи геометриски шари.
4. Детали на чантата
Кој било непотребен и нападен детаљ на чантата може да ја уништи хармонијата на изгледот.
5. Нивото на гужвање на ткаенината
Кошулите кои не може да се „допеглаат“ секогаш ќе изгледаат понеуредно.
6. Жолто злато
Меките тонови на злато, сребро или розово злато делуваат секогаш поблагородно.