Накит на плажа
Чест совет е дека на плажа не треба да се носи никаков накит. Сепак, бидејќи оваа сезона се во мода крупни и синџирчиња со повеќе низи, модните...
...списанија полни се со слики на сончани убавици во бикини или со летни фустанчиња накитени со низи на перли и синџирчиња околу вратот и рацете. Тоа е и честа слика на нашите плажи.
Доколку сакате да носите нешто накит на плажа, еве на што треба да обрнете внимание.
Се подразбира дека на плажа не се носи скапоцен накит (ниту било што скапоцено, освен ако не планирате да изнајмите некого да ви го чува накитот).
Обично златно синџирче или нараквица, бижутерија направена од пластика, кожа, стакло, евтини декоративни каменчиња, школки, разни видови семки – ќе ви овозможат да се чувствувате убаво и нема да стравувате да ли ќе бидете ограбени.
Во секој случај, додека се сончате треба да го симнете накитот, за да не ви остави трага на кожата, а така треба да постапите и кога ќе влегувате во вода.
Што би можело да ви го оштети накитот? Речната и морската вода не делуваат на благородните метали, но средствата за сончање и нега на тело можат да им ја сменат нијансата.
На пример среброто може да потемни. Пластиката и полу драгите камчиња, како и декоративните школки се отпорни на вода, но не и на гребаници, механички удари и триење. Евтините метали бргу потемнуваат.
Кожата, дрвото, семките и сличните природни материјали не поднесуваат вода дури и ако се лакирани, тоа не е соодветна заштита.
Доколку и вие сакате да изгледате како девојките од модните списанија, носете накит, но немојте да се сончате со него, немојте со него да влегувате во вода и внимавајте да не ви го украдат додека се капeте...
Можеби е попрактично да не носите накит на плажа, а сончана, накитена убавица да бидете само навечер.