Проѕирен фустан со тантела, чизми со високи потпетици – чудни комбинации на Били Портер, актерот со најнеобичниот моден стил (фото)

Кога станува збор за мода, за 52-годишниот Били Портер не постојат граници, па на црвениот тепих актерот редовно се појавува во фустани, чудни костуми и големи шешири. 

prodziren-fustan-so-tantela-chizmi-so-visoki-potpetici-chudni-kombinacii-na-bili-porter-akterot-so-najneobichniot-moden-stil-foto-01.jpg

Били Портер е американски актер кој е многу попознат по специфичниот стил отколку по актерската кариера.

Били има 52 години и се прослави како театарски актер на Бродвеј, пред да почне да се појавува и во холивудски филмови. Били е и пејач, па најчесто се појавува во мјузикли, како Cinderella од 2021 година.

Актерот може да се пофали и со неколку престижни награди вклучувајќи Греми, Еми и Тони.

Сепак, како што напоменавме, тој е многу попознат по модните комбинации што ги носи на црвениот тепих.

За Били не постојат никакви правила или граници кога станува збор за мода, па досега се има појавено во раскошно здолниште во комбинација со сако, златен костум со крилја, па дури и проѕирен фустан со тантела.

Во продолжение дел од најсмелите изданија на Били на црвениот тепих:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Модна инспирација: Пролетни и летни комбинации со долги здолништа (фото) Тесни или во А-крој, без разлика за кое од нив ќе се одлучите нема да погрешите,...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
12 модни парчиња што треба да ги имате во гардероберот оваа есен Иако чевлите со дебел ѓон сè уште се застапени во голем број продавници, тие се ...
Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)? Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна обл...
Машката мода на Мет гала 2024: Од впечатливи фустани и уникатни креации до класични костуми (фото) Формула 1 возачот, Луис Хамилтон облече плашт над костумот, евровизискиот победн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg