Накит со приказна
На својата листа деловни потези Кејт Хадсон ја вброи и сопствената колекција накит која ја создаде во соработка со компанијата "Chrome Hearts"
Линијата оригинален накит се вика "CH + KH".
Кејт Хадсон уште какао мала го позајмувала накитот од својата мајка и пеејќи и играјќи парадирала низ дома со него.
Накитот е неизоставен дел од нејзиниот моден стил, а во една пригода изјавила дека кога лошо се чувствува, на себе става многу накит и веднаш и е подобро.
Парчињата накит со боемски стил од линијата "CH + KH" се изработени од 18 и 24 каратно злато со додатоци на бисери, бели дијаманти, аквамарин и други полу драги камени.
Кејт е многу блиска со Лори Лин Старк, сопругата на сопственикот и основачот на "Chrome Heart", па овој накит ја раскажува приказната за нивното пријателство.
- Ја познавам Лори од својата 16 година, но кога двете бевме бремени, многу се зближивме и таа ми е вистинска инспирација за овој проект. Со оглед на тоа дека многу патувавме по светот, линијата накит ја има историјата на нашето пријателство – изјавила Кејт.