Кондоми за штикли
Дизајнерката Sandrisabel Ortiz од Порторико ја сподели својата идеа со жените ширум светот за кондоми за штикли, односно додатоци кои на...
...чевлите им даваат необичен изглед. Креативните додатоци се изработени од најразличен материјал, со необични дезени и совршени се за комбинирање.
Покрај тоа не морате да трошите многу пари на разни модели на чевли за да имате идеален стајлинг, туку со овие мали детали можете било кои штилки да ги претворите во магични.
Додатоците за штикли можат да се перат и да се користат повеќе пати и освен тоа што ист пар чевли прават поинаков секој пат, тие и ги штитат штиклите од оштетување.
Меѓутоа овој изум е најпривлечен кога се оди на пат. Повеќе не е потребно да носите десет пара чевли и да скокате на куферот за да се затвори, доволен е еден или два пара чевли и додатоци со кои ќе им го менувате изгледот.